КОН ТРЕТО МЕСТО

Трета

Само пофалби заслужува екипата на Напредок Крушеани. Во неделата со три бода се врати од Росоман, каде триумфираше со 1-2. Головите се дело на Рошкоски и Брсакоски. Мечот бил исклучително борбен, со доделени 11 жолти картони. В недела е дуелот дома со Превалец. Шанса е за бодовно израмнување со третиот Борец, доколку велешаните киксираат дома на дербито со Победа Валандово. На табелата и Партизан Обршани добро се држи, шести е откако дома со 3-0 го совлада Дојранско Езеро. Задутре е тешкиот дуел дома со лидерот Кожуф од Гевгелија. Останати: Големо Коњари – Младост Удово, Питу Гули – Гемиџии Велес.

Табела: Кожуф 30, Победа В. 28, Борец 26, Напредок 23, Превалец и Партизан 20.

Loading