МЕЃУНАРОДЕН ТЕСТ

Ракомет

Женската екипа на Прилеп продолжува со меѓународните пријателски мечеви со грчкиот прволигаш Филота Аминдио. Натпреварот е в сабота (17 ч.) во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Претстои корисен тест, интересен за публиката. Екипата на тренерот Рубин Богојески ја одржува формата после победата од 18-20 во Гевгелија, а спроти наредниот првенствен меч на 10 декември дома со лидерот Металург.

На табелата Прилеп е четврти со 12 бода.

Машката екипа на Прилеп по одложеното дерби со Пелистер, вчера играа нерешено (32-32) на гости кај Металург 2, а в сабота гостува на Работник во Битола.

Loading