БОЛНИ ИГРАЧИ

Пинг-понг

Прилепското суперлигашко дерби Младост – Младост 96, предвидено за 13 ноември, е одложено и не се знае кога ќе се одигра. Првата причина беше болен играч во домашната, а потоа во гостинската екипа. Откако вториот ќе оздрави, ќе се одигра дуелот. В недела е закажан мечот Радовиш – Младост.

На табелата води шампионот Гоце Делчев од Штип со 10 бода, Младост 96 има 2, а Младост е без бод.

Loading