ПЕХАР ОД КОПАОНИК

Megu nagradenite i prilepcani

Со три медали и пехар се врати прилепската екипа од Џипијадата на планината Копаоник во Србија. Екипата во состав, Слободан Трајчески, Горан Спиркоски и Оливер Сачмароски, на брзинската трка од неколку километри го освои третото место. Џипот Тојота вешто низ калта и снегот го управуваше умешниот возач Трајчески. Триуфмот му побегна за малку. Тој ја извози патеката само за една секунда подолго од првакот, со што му замина од раце титулата на ова популарно натпреварување од меѓународен карактер, на кое учествуваа педесетина возачи во различни категории.

Сепак за Трајчески и колегите е добредојдено искуството во трките, иако сите со децении управуваат различни видови теренски возила. Се надеваат дека в година нема да им побегне шампионското место. Дотогаш има време за подготовки на македонските мегдани, како и за поделба на доживувањата со мераклиите на Офф роуд возењата околу Прилеп. 

Loading