ПЕТ ОТСТО ПОГОЛЕМИ ПЕНЗИИ ВО ДЕКЕМВРИ

Министерот за финансии Кирил Миноски во Прилеп им порача на пензионерите дека следната пензија во декември ќе им биде повисока за пет отсто. Тоа е акт за грижа и за подобрување на стандардот на пензионерите.

– Пензионерите можат да очекуваат и низа други поволности да им се овозможи подолг животен век – истакна Миноски.

Тој оствари средба со дел од стопанствениците. Се разговарало за соработката на приватниот сектор и државните институции.

– Бизнис секторот е задоволен од пристапот на т.н. доброволна даночна усогласеност, чија основан цел е државата и приватниот сектор да бидат партнери и да имаат бенефит, од кој ќе произлезат инвестиции, а со тоа и креирањето на нови работни места – рече Миноски.

Loading