КОМПЛЕТНО ПОКРИЕН ПАЗАРОТ

Pazarot so pokriv

Околу 5 000 м2 од градскиот пазар се покриени. Со последната фаза се допокријаа последните 830 м2. Инвестиција е околу 4 милиони денари, а парите беа обезбедени преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и од Бирото за регионален развој.

Купувачите и продавачите сега се заштитени од временските услови и се доби унифициран изглед на пазарот. Во пазарните денови гравитираат и по неколку илјади луѓе кои ќе ги почувствуваат благодетите од интервенцијата, особено при кочан зима и при пекол лето.

Покривањето се одвиваше во неколку фази, а почна пред околу 8 години. Пазарот е комплетно поплочен, комплетно покриен и претставува лице на старата чаршија и на центарот на градот.

Најзадоволни се трговците и граѓаните. Задоволство е да се пазари во секој период од годината и денот. Заштитена е и стоката која се продава на најголемиот пазар во регионов.

ЈКП Пазари до крајот на годината оствари уште два проекта. Ќе се отворат нови деловни објекти. Во тек е постапка за поставување на подземни контејнери.  

Loading