УРБАН ПРОСТОР ОКОЛУ ЏАМИЈАТА

Во Тризла

Plostad okolu dzamijata vo Trizla

За неколку недели ќе заврши изградбата на плоштадот и партерно ќе се уреди просторот околу новата џамија во Тризла. Околу 1,5 милиони денари обезбедени се од буџетот за декадата на Ромите. Џамијата ќе се огради, ќе се изгради шадрван, ќе се поплочи просторт.

Паралелно тече доизградбата на џамијата, која се подига со донации од муслиманското население во населбата, иселениците Роми од целиот свет и од општината Прилеп.

– Џамијата ќе добие водоскок, шадрван кој е донацијата од министерот без ресор Неждет Мустафа, во соработка со општината Прилеп. Проектите се драгоцени. За муслиманите од Тризла беше сон да имаат храм слободно да ги изведуваат верските обреди – рече Алмир Сулејманоски, имам во џамијата во Тризла.

Според Самит Бајрамоски, претседател на верска заедница Ехли Сунет Велџемат, објектот се изградил за рекордно време со поддршката на локална власт.

Џамијата во Тризла почна да се гради во 2012 година.

Loading