БОШЊАК Е ШАМПИОН

Гимнастика

На завршните натпревари во Скопје и Битола блеснаа членовите на Партизан Соколи од тренерот Златко Ангелески. Кај сениорите победи Дино Бошњак, подобар од конкурентот Иван Крстевски. Сите останаа со отворени усти додека тој вежбаше. Одлични се и неговите наследници. Во постарите пионери 11-годишниот Дамјан Атанасоски освои трето место, а за малку недостигаше да биде прв. Прво место е екипата до девет години, каде поединечно трет е Михаил Митрески, втор Матеј Тасески. Женските помлади пионерки екипно се трети, а поединечно Ева Јашмакоска четврта. Постарите пионерки екипно освоија трето место. Сара Петрова четврто, Теа Манеска петто. И јуниорките успешни – прва Теа Велкоска, четврта Ева Илиоска. Највозрасните – сениорките – прво Ивана Јанкоска, трето Мартина Јездиќ. 

Loading