ИСТРЧА ДЕВЕТ КИЛОМЕТРИ ДА МУ ДАДЕ ГОЛ НА МИЛАН

Илија Несторовски

Убав фудбал се играл и некогаш, но тешко да се верува дека се трчало барем приближно колку сега. Во италијанската Серија А вршат прецизни мерења за секој фудбалер. На мечот Палермо – Милан (1-2), за да го постигне голот против двометрашот, голманот Донарума, домашниот напаѓач Илија Несторовски истрча 9,7 километри. Притоа имаше најголема брзина од 27 километри на час. Трипати шутираше на голот, изнуди три прекршоци, еднаш влезе во офсајд.

Следен предизвик е во дресот на Македонија со Шпанија, утре.

Loading