ГРЦИТЕ СО КАПИТЕ ДОЛУ ПРЕД БРАЌАТА

Параглајдерство

Параглајдинг клубот Делта за учество на своите најистакнати членови го избра Меѓународниот турнир во прецизно слетување во Драма, Грција, каде имаше силна конкуренција на пилоти од Бугарија, Грција и Македонија. Квалитетот на натпреварот беше голем мотив за браќата Мартин и Борјан Јованоски, кои дадоа сé од себе да го оправдаат реномето на параглајдеристи од светски ранг. После четири турнуси помалиот Борјан излезе прв со само 19 сантиметри оддалечен од центарот, а повозрасниот Мартин го освои третото место на пиедесталот со минусни 94. Меѓу нив, втор, беше Бугаринот Бучков со 78.

Оправдано отсуствуваше таткото Миле, поради славеничката атмосфера по добиената општинска награда “Трети ноември”.

Loading