СЕ ПРОБИВА ТРАСАТА ВО ДРЕНОВСКАТА КЛИСУРА

Brmcat masinite- gradat patista

Напредува изградбата на експресниот пат од Градско – Прилеп во делот на Дреновската Клисура, каде што се врши интензивно пробивање на трасата. Во завршна фаза се активностите за обнова на регионалниот пат Градско – Росоман – Дреново долг 12 км, инвестиција од 1,3 милион евра. По целата должина на патот е поставен нов асфалтен слој, а треба да се довршат уште стотина метри и да се постави нова патна сигнализација информираат од Министерството за транспорт и врски.

– Трасата се пробива според планираната динамика и континуирано се зголемува бројот на градежни работници и на механизација потребни за изградба на овој експресен пат. Исто така, во тек е тендер за изградба на втората фаза од експресниот пат од Градско до Дреново, очекувам градежните работи да почнат следната година и во рок од 24 месеци да имаме нов експресен пат од Градско до Прилеп. Издвоени се рекордни 22 милиона евра преку ЈП за државни патишта за реконструкција на регионалните патишта преку програмата на ЈП “Македонија пат”. Само оваа година издвоивме дополнителни 5,5 милиони евра да ја подобриме патната мрежа низ државата – изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

По завршувањето на регионалниот пат од Градско до Дреново ќе започне реконструкција на регионалниот пат од Росоман до Кавадарци долг пет километри и инвестиција од околу 35 милиони денари. Планирана е целосна реконструкција и поставување нова патна сигнализација. 

Loading