ГРАДИНКА И ВО КАНАТЛАРЦИ

Gradinka namesto babi

Дваесетина деца од предучилишна возраст од најголемото село во Општинава, Канатларци, ќе бидат згрижени во новата детска градинка, во дел од просториите на ОУ “Кирил и Методиј”. Еден милион денари е инвестицијата на Министерството за труд и социјална политика.

Ова е трета градинка која за еден месец се отвора во општината Прилеп, а втора во населено место. Дел од децата на селото Беровци влегоа во новата градинка неодамна, а пред неколку години воспитувачки добија и дел од децата од Тополчани. 

Loading