СЕ АДАПТИРА ПРОСТОР ЗА ВАРОШКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

Почна адаптацијата и уредувањето на просторот на локалната месна заедница за потребите на пензионерите од населбата Варош. Просторот ќе се прилагоди за Центар за пензионерите, а инвестицијата  од 1,5 милион денари е на Министерството за труд и социјална политика. Дел од средствата се за реновирање, а дел за опремување. Окончувањето на градежните работи и ставањето во функција се очекува во почетокот на наредната година.

Просторот ќе овозможи подобрување на грижата за социјалниот живот на пензионерите.

Според градоначалникот Марјан Ристески, се остварува  желбата на Здружението на пензионери да има свое катче во населбата Варош.

До крајот на годината ќе се адаптира простор за пензионерите во населбата Корзо.

Во градов и селата има 11 клуба за пензионерите. 

Loading