ТАНЕЦ ЌЕ ИГРА ЗА ПРАЗНИКОТ

tanec

Ансамблот Танец, кој е симболот на македонската култура и уметност, душата на Македонија и амбасадор на македонскиот фолклор, ќе биде дел од свечената програма за одбележување на 11 – ти Октомври.

В понеделник, на 10 октомври во 20.30 часот во ЦК „Марко Цепенков”, “Танец” ќе одржи незаборавен целовечерен концерт. На тој начин прилепчани заедно ќе одбележат 75 години од Ден на македонското револуционерно востание и шест децении од Ансамблот Танец.

Влезот за овој несекојдневен настан е слободен. 

Loading