На интернационалниот фестивал на детските песни Ѕвездички, што ќе се одри на 7, 8 и 9 октомври во ЦК “Марко Цепенков”, ќе настапат учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Унгарија, Италија, Малта, Русија, Белорусија, Литванија…
Фестивалот е замислен како големо шоу во кое децата од повеќе држави ќе ги покажат своите пеачки таленти. Манифестацијата се стреми да продуцира детски хитови и да направи од учесниците нови ѕвездички, создавајќи пријателски врски меѓу децата од различни етнички и верски средини.