ПЕШ И СО ОФ РОУД ВЕЛОСИПЕД ДО СЛИВА

So velosiped niz ulici i planiniПланинари и велосипедисти на Портата Мариовска

Над сто планинари во две групи ги посетија археолошките локалитети Висока, каде се наоѓаат остатоци од кралска палата од п.н.е., потоа кралската гробница кај месноста Павла Чука кај селото Бонче и праисториското светилиште Палатица кај селото Штавица. Тоа беше дел од манифестацијата за афирмација на здравиот живот на Здружението на љубители на ридско – планински активности, рокенрол и добра чашка во координација со локалната самоуправа, во чија содржина беше  велосипедската оф роуд тура, насловена “Тура преку Слива 2016”. Љубителите на  миленикот на две тркала ги минаа селата Волково и Чумово, па преку превојот Слива познат како Порта Мариовска, продолжија кон Бонче, Подмол, Марул, Штавица и повторно се вратија во градот.

Манифестација беше насочена за промоција на убавините на планината Селечка и на развој на алтернативниот туризам како велосипедизмот, планинарството и планинското трчање.        

Loading