ПРЕМНОГУ ПОРАЗИ

Трета

Третата лига – Југ има неуспешен почеток за екипите произелезени од ОФС Прилеп. Забележани се безмалку двојно повеќе порази отколку победи. Поранешниот прволигаш 11 Октомври е на последното, 14 место, со минус три бода. Загуби на сите четири меча, последниот со 2-1 од Напредок во Крушеани. Големо Коњари има еден триумф и три пораза, најновиот со 8-0 од Борец во Велес. Партизан Обршани е нешто подобар, со по една победа и реми, покрај два пораза, последниот со 4-0 од Победа во Валандово. Тимот на Питу Гули има само еден пораз, но и една победа, покрај две реми, најновото 1-1 во Мрзенци. Најдобар е Напредок со еден пораз и три победи, последната со 11 Октомври. Следни мечеви: 11 Октомври – Д. Езеро, Г. Коњари – Напредок., П. Гули – Борец, Партизан – Зорбас П.

Табела: Борец 12, Победа 10, Кожуф, Превалец и Напредок 9.

Loading