ШАМПИОН БЕЗ ДУША

Историја

Во историјата на македонскиот ракомет за највисока победа се смета таа на Кометал ЃП со резултат од 50-0 над Тутунски комбинат. Беше постигната во 1994 година, во Супер лигата за жени. Натпреварот се одигра во салата “Кале” во Скопје. Дека ќе биде катастрофа се насети уште во првото полувреме кое заврши со 26-0. Домашниот состав беше решен да влезе во Гинис. Настапија: Нацева, Бережњак 4, Георгиевска 9, Чупиќ 1, Спасовска 6, Наумоска 1, Абрамова 3, Језиерска 6, Ширина 4, Радуловиќ 10, Филиповска 6. Веднаш по мечот новинарот Миле Талески објави коментар: “Дали повеќе да се срами поразениот или победникот. Домашниот професионален, интернационален состав можеше да им дозволи на малите гостински девојчиња да постигнат барем еден, почесен гол. Гигантот Кометал немаше противник и зарем требаше да запне со сите сили како во финале на Светско првенство? Шампионот без душа, не е шампион”.

Во прилепскиот тим бојкотираше првата екипа и затоа настапија неискусни кадетки и пионерки на Тутунски.

Loading