ДЕЈКОСКА НА СВЕТСКО

Борење

Во Скопје од 19 до 25 септември ќе се одржи големо натпреварување – Светското армиско првенство во борење, на кое боите на Македонија ќе ги брани Маја Дејкоска, членка на клубот 7 Мај Леов. Поддршка со совети, покрај душекот, ќе има од тренерот Сашо Игњатовски, кој се надева на висок пласман, а не е исклучен и медал. На првенството во улога на судија ќе биде Илчо Марковски. Претходно во салата на СОУ “Ѓорче Петров” беше традиционалниот меѓународен турнир “Прилеп 2017”. Кај децата прво место освои Леонид Каратошески, а втори во своите категории беа: Стефан Стојаноски, Михаил Маркоски и Барбара Стојкоска. Кај пионерите има двајца третопласирани: Леонардо Насески и Сергеј Попоски. Кај кадетите Марио Мемичкоски е втор, Филип Стојкоски трет, а Катерина Мирческа триумфираше за злато, до кое стигна со победи над Бугарка и Косовка. Кај младинците Теодор Темелковски е очекувано прв, Христијан Пенков трет.

Во конкуренција на осум клуба од три земји, најмногу медали освои БК 7 Мај Леов.

Loading