ВРАЌАЊЕ ВО „РИЧКО“

Ракомет

Kapiten na Prilep - Aleksandar Bozaroski

Стартува Супер лигата за мажи, со тоа и возбудувањата на паркетот во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. В сабота (19 ч.) во првото коло екипата на Прилеп е домаќин на Вардар јуниор од Скопје. Името на гостинот, без додавката, доволно зборува дека гостите имаат квалитет и сериозно треба да се сфати натпреварот. За домашниот тим на тренерот Томче Петрески е обврска да се поправи впечатокот од пред две недели во Универзална, кога се случија двата високи пораза од швајцарскиот Винтертур. Тоа беше настап на европската сцена и донекаде е разбирливо да се загуби од супер професионален противник. Во домашното првенство се знае каде е местото на Прилеп. Минатите сезони се обезбедуваше плеј – оф. И овојпат амбициите секако се тука некаде. Убаво е да се повтори пласманот за место во Европа. Во екипата треба да се појават засилувањата: голманот Трајковски, пивотот Тренчевски и двометрашот од Грузија, Орјоникидзе.

Останати двојки: Пелистер – Еурофарм Работник, Пролет – Металург 2, Радовиш – Борец и Работнички – Охрид.

Loading