ТРЕНЕР САМО ЕДЕН ДЕН

Историја

И тоа се случува, што потсетува дека тренерите се многу менлива категорија. На 13 април 1978 година одиграно е големото македонско дерби, во рамките на Втората југословенска лига – Исток меѓу Победа и Вардар. Непосредно пред мечот, за тренер на прилепскиот тим беше поставен Србољуб Маркушевиќ, доведен со посредство на белградска Црвена ѕвезда, а отстапен од Сараево. Бидејќи дуелот го добија гостите со 0-2, тренерот одлучи веднаш да замине. Изјава дека е оптимист за добар резултат, не се оствари. Само го преседе дербито на клупата, се запозна со амбиентот и  импресивните 20 илјади гледачи, се разочара од резултатот, и го напушти градов. Смената на тренерското место не ги промени лошите резултати.

Победа по 15 години отпадна од Втората југословенска лига.

Loading