ТРУМФ НА ГОРЧЛИВАТА ПЕНА

Еуфорија на отворањето на Пивофестот 

Gradonacalnikot Risteski so zdravica za pocetok na Pivofest

 

Прилеп го слави пивото до недела. Четиринаесеттипат се става горчливата пена на тронот. Романците од бендот Флај проџект длабоко во ноќта оставија трага на десетина илјади посетители на првата вечер од празникот на пивото. Пивските малигани и забавата ја креваат температурата. Се очекува еуфоријата да доживее врв в недела со настапот на легендарните, Парни валјак.

Меркалиите на пивото ги издаде трпението. Уште вчера денски ги запоседнаа штандовите со трубачи околу нив и уживаа во сласта на грчливата пена замесена со вусни специјалитети на скара.

Сефте на сцената без да бидат сенка на гостите направија  домаќините од групата Крос роуд блус. Загреа силно реге и артистот Рафаел, а Тропикал бенд само придодаде масло на огнената атмосфера.

Според организаторите, градот ќе нагости околу 400 илјади посетители. На штандовите на неколку десетици пиварници со своите мајстори на скара ќе ги разладуваат жедните грла. Стигнаа и првите возови со кампери на Паркот на револуцијата.

Атракцијата, Пивофест, ќе анимира илјадници граѓани од дијаспората, кои летните одмори го минуваат дома, но од сите страни се населуваат на масите на штандовите во Прилеп со кригли в раце.

Се очекува пекол со настапите на Аца Лукас, романтичарот Хари Варешановиќ, познат како Хари Мата Хари, Самостални референти, Банг Ла Дек, сексибилната Рада Манојловиќ, нашите Каролина Гочева и Миле Кузмановски, бендот на Дејан Петровиќ, па за крај, Аки Рахимовски со Парни валјак.           

{AG}410/pf{/AG}

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ПИВО ФЕСТ 2016“

Во интерес на безбедноста на сите граѓани-гости на претстојната Манифестација, Секторот за внатрешни работи Битола, Ви препорачува да ги почитувате следните совети и препораки:

Ако конзумирате алкохол или планирате да конзумирате алкохол – не управувајте со никакво превозно средство!

Не дозволувајте да станете жртва на кражба!  Внимавајте на својот паричник и својот мобилен телефон!

Паркирајте ги возилата на безбедни места. Следете ги упатствата на службата за  паркирање.

Не оставајте вредни предмети на видни места во автомобилот! Тие ги предизвикуваат крадците.

Не е дозволено:

неовластено пукање со оружје,

употреба на пиротехнички средства,

учествување, предизвикување или поттикнување друг на тепачка, оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на ЈРМ во пијана состојба, 

уживање во опојни дроги,

точење алкохол на малолетници

Внимавајте на подметнување на фалсификувани пари!

За сите безбедносни настани, пријавете на 192 или обратете се кај најблискиот полициски службеник.

Поважни телефонски броеви :

192 – Полиција

193 – Пожарна

194 – Брза помош

Loading