ПОВЕЌЕ ТОПЛИНА СО ЗАШТЕДА

Implementacija na proektot ENERGINET za prekugranicna sorabotka    na EU

Демонстративен пилот проект на ЕУ во СОУ „Кузман Јосифоски -Питу“

– Реконструкција за енергетски ефикасен објект

Во средното економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ беше промовиран почетокот на пилот – проектот за примена на мерки за енергетска ефикасност, што е дел од проектот “Тематска мрежа за одржлива енергија” во зафатот за прекугранична соработка на ЕУ. Вклучени се две македонски општини Прилеп и Велес и три од грчката страна.

Почна реконструкцијата на објектот на економското училиште. За промена на дрвенаријата, за термоизолација, промена на покривот и други помали зафати ќе бидат вложени 128 илјади евра, со што објектот ќе биде реновиран и ќе се подобрат условите за образование.

Проектот е за соработка меѓу општини од Македонија и Грција, финансиран од ИПА – фондовите. На промоцијата присуствуваа претставници на локалната самоуправа, од ЕУ и од Министеството за локална самоуправа. Градоначалникот Марјан Ристески заедно со претставниците на Делегацијата на ЕУ, Мауро Ди Вероли, раководител на оддел за Регионален развој, социјална политика, земјоделство и прекугранична соработка, Димитар Малиновски и Државниот секретар од Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска го означија почетокот на новиот проект за штедење.

– Училиштето до први септември ќе добие нов лик и ќе стане поатрактивно за учениците. Инвестирањето во образованието е приоритет. Ќе придонесе за поефикасна настава и заштеда на средства за греење. Моментно се изведуваат десет проекти за подобрување на условите за настава во училиштата. Во изминатиот период вложени се над 12 милиони евра за реконструкција на училишни згради и за изградба на спортски сали – рече Ристески.

Мауро Ди Вероли истакна дека претстои напредок на проектот во прилепското училиште.

Pocnaa gradeznite aktivnosti za kompletna rekonstrukcija   na ekonomskoto

– Проектот ќе заврши до почетокот на новата учебна година. Дел е од поголем проект финансиран од фондовите на ЕУ и дел од проектите за прекугранична соработка со цел да се зближат општините од Македонија и од Грција. На ова поле ќе се работи и понатаму, посебно во изготвувањето акциони планови за заштеда, односно одржливост на енергијата – рече Ди Вероли.

Билјана Цветановска, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, истакна дека за имплементирање на програмите за прекугранична соработка, финансирани од фондовите на ЕУ, Прилеп бележи успех во искористувањето на средствата. За проектот со општини од Грција, за енергетска ефикасност за училиштето, за Прилеп се обезбедени средства без да се оптоварува општинскиот буџет. Македонија има висок процент на искористеност на програмите за прекугранична соработка.

– Предвидени се околу 43 милиони евра со програмата за прекугранична соработка со Грција. Затоа општинските самоуправи, невладините организации и јавните установи да аплицираат за дел од овие средства. Министерството за локална самоуправа е вклучено во управувањето во програмите за прекугранична соработка со Бугарија, Албанија и со Косово, а во тек е почетокот на програмата со Србија – рече Цветановска.

Министерството е вклучено и во “Балкан – медитеран програмата” и во “Транс – националната програма”. Во сите прекугранични програми, партнерите од Македонија апсорбираат 85 отсто од расположливите фондови.

– Во периодот од 2014 до 2020 година средствата од ЕУ во тие програми ќе се зголемуваат и ќе изнесуваат 100 милиони евра. Министерството учествува со 15 проценти – додаде Цветановска.

Во училиштето со околу 450 ученици, не го кријат задоволството што ќе им се подобрат условите не само за учениците, туку и за професорите.

Ekonomskoto uciliste so nov sjaj do startot na ucebnata   godina

– Проектот е најзначаен за училиштето. Во идеални услови се подобрува и квалитетот на наставниот процес. Очекуваме подобри резултати. Со примената на сите мерки за енергетска ефикасност ќе се заштедат финансиски средства – додаде Спасија Нешкоска Цуцулеска, директор на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”.

Претходно, првпат училиштето доби спортска сала, а беа реновирани внатрешните скали со што безбедноста е крената на повисоко ниво. Исто така, обновени се и санитарните јазли, а привршува и реконструкцијата на санитарен јазол прилагоден за лица со физички хендикеп. Претстои реконструкција на подовите – нови плочки ќе се стават во дел од ходниците и нови мушамни подови во дел од училниците, како и реновирање на стариот објект на училиштето.

Вкупниот буџет на проектот за сите 5 партнери изнесува околу 745.000 евра, а буџетот предвиден за Прилеп е околу 128.000 евра. Околу 85 отсто од средствата се обезбедени од ЕУ, преку ИПА програмата, а 15 проценти се од националното кофинансирање.

Планирани се и други активности како работилници и презентации за подигање на јавната свест за одржливата енергија, работилници и семинари за размена на искуства, изработка на акциони планови за одржлива енергија за сите пет општини, енергетски проверки на јавни објекти и др. За секоја општина е планирано да се реализира по еден инфраструктурен пилот проект во кој практично ќе се применат мерки за енергетска ефикасност.

Loading