ПОЧНУВА ДА КРЦКА БОЛНИЦАТА

Интензивна реконструкција

Секој дел е нов, од подовите, креветите, таваните, до мебелот во живописни бои, заштитните завеси на ПВЦ прозорците, тоалетите…

Нова опрема во секое одделение

Специјализираат 24 лекари

V bolnica poarno od doma

Крцка последниот кат на болницата како при отворањето пред 40 години, но овојпат со нов амбиент и дизајн во внатрешното уредување. Болницата, пуштена во употреба пред четири децении, ја доживува првата темелна реконструкција покрај инсталирањето на современа медицинска опрема за нудење на квалитетни здравствени услуги. До крајот на летото се очекува финализација на реновирањето од првиот до последниот кат. Проектите се правени и се изведуваат по современи европски стандарди, од собите за пациентите, санитарните јазли, придружните до лекарските простори за прегледи во специјалистичките одделенија.

Нема плач во детското одделение. Лекарите велат дека имаат само еден мал пациент. Сите бликаат во радост и насмевки кога докторите немаат работа, особено во педијатријата. Одделението “кркца”. Речиси секој дел е нов, од подовите, креветите, таваните, до мебелот во живописни бои, заштитните завеси на ПВЦ прозорците, тоалетите… Дури се донесени играчки за малите пациенти, полесно да ги пребродат болестите додека трае третманот. Поставен е и плазма ТВ, децата да го минуваат времето в болница како дома. Од комплетно обновените тоалети излегува мирис на санитарни средства. Хигиената се одржува на највисоко ниво на сите делови, од тоалетите со тушеви, ходниците, до посебните кујни за малите пациенти. Оние што неодамна биле во болницата, не можат да ја препознаат новата внатрешна физиономија. Здравствената институција наликува на оние од филмовите.

Evropski ambient vo bolnicata

Директорот Петар Ристески вели дека при крај е реконструкцијата и на нервното одделение. Се работи и на подолните катови, во интерното и уво нос и грло.

– Темелната реконструкција подразбира комлетно реконструирање на внатрешните простории, таваните, тоалетите со тушеви, ходниците, нови подови, ѕидови, инсталации на водоводната и електричната мрежа… Во поголемите болнички соби се изградени нови дополнителни внатрешни санитарни јазли. По највисоки европски  стандарди ќе бидат реконструирани целосно и операционите сали. Ќе се менуваат и два лифта и ќе се постават нови два во инфективното одделение. Условите за престој на пациентите драстично се менуваат, како и околностите за работа на лекарите и персоналот. В година претстои реконструкција на амбулантскиот дел – вели Ристески.

Болницата се опремува и со нови апарати. Покрај мамографот, кој за два месеца со лекарите прегледа околу 300 пациенти, инсталиран е модерен апарат за биохемиски анализи во лабораторијата. Се очекува нов ехо доплер апарат за радиологија, потоа пациент монитори, светла за родилната сала, со нов оперативен стол. Во тек е постапката за набавка на два нови ЕХО апарата и за интерното одделение и урологија, па за ортопедија и ЕКГ апарати и дефибрилатори…

Se intenzivira rekonstrukcija

Точно 24 лекари специјализираат да го освежат медицинскиот кадар во болницата. Тројца се на специјализација во Белград, а шест специјализираат со кофинансирање. Некои се на почетокот, а некои се при крајот. Ќе се ангажираат уште неколку лекари за усовршување. Постепено, следниве години ќе се ублажи недостигот на специјалисти, бидејќи повеќе години малку се водело сметка. Додека се очекуваат новите специјалисти, се ангажираат лекари од болницата во Битола. 

Miskojna izleguva od toaletite kako vo hotel

Loading