РОМАНТИЧНА И ОРИГИНАЛНА

aleksandra-radovicАлександра Радовиќ

На официјалната програма стои и името на една од можеби најдобрите српски поп пејачки во последната деценија. Станува збор за неповторливата, романтична и секогаш оригинална Александра Радовиќ. Македонската публика првпат Радовиќ ја запозна во 2011 година во Универзалната сала. Таа со екипата имаа интересен, емотивен, интимен концерт за кој и ден денес после толку години се зборува. Познатата поп пејачка има зад себе голем број хитови кои младите, посебно оние заљубените, многу добро ги знаат. Љубителите на пивото и скарата ќе ја имаат таа привилегија да ја поминат вечерта на 17 јули, слушајќи ги: Зажмури, Чувам те, Чувај моје срце, Ако погазиш лаж, Као со и море, Бивши драги, Ниси мој, Карта за југ… Меѓу другите е и нејзиниот најнов сингл насловен Москва, чиј мотив е инспириран од темата на познатата руска песна “Подмоскија вечери”.

Loading