НАСТАП ЗА ПАМЕТЕЊЕ

Аца Лукас

Aca Lukas

Човекот чии концерти секогаш се очекуваат со возбуда и за кои се бара карта плус, најголемата ѕвезда на балканот ќе гостува во Прилеп. Се очекува за неговиот настап на Пивофест да има и најмногу посетители и градов да биде преплавен со обожуватели кои заедно ќе ги испеат сите хитови од прва до последна песна.

Српската турбофолк икона Аца Лукас на концертите буквално ја полудува публиката. Тој ќе се дружи со своите македонски фанови.

Се очекува адреналинот да расте со најголемите хитови на Лукас, “Бај пас”, “Чивас”, “Упали светло”, “Лешче”, “Нешто против болова”… Ќе пее во сабота, а организаторите очекуваат гостувањето на Аца Лукас, да прерасне во ноќ за паметење исполнета со настап кој ќе биде вистинско освежување и подарок за публиката.

Loading