АЛПИНИСТ НА ВРВОТ ОД ЈАРБОЛОТ

Alpinist go kutna jarbolot

Алпинист беше дел од екипата за промена на знамето и светлосната сигнализација на 30 метарскиот јарбол во центарот. Бидејќи машината – дигалка не достигнува височина над 20 метри, алпинистот со јажиња го освои врвот и ја замени светилката што ја одредува височината, поголема од градскиот саат, на најтенкиот дел од јарболот. На поголем дел од случајните минувачи, вчудоневидени, па и вџашени, им се здрвуваше крвта од подножјето. Некои се крстеа со воздишки од морничавата глетка. Други го вперуваа погледот кон вештиот и храбар алпинист, опашан и со безбедносни ортоми, во искачување на највисоката градска точка.

Loading