ПЕСНА, НАМЕСТО СТАП

So pesna do leb

Различни жарнови музика пее на плоштад слеп анонимен интерпретатор во потрага по корка леб. Со снаодливост ги поврзал дарот за песна и природната мана да не биде на товар на државата. Гласот се слуша надалеку. Малкумина остануваат рамнодушни на неговиот хендикеп – темнината. Ретко кој не го наградува напорот самостојно да се грижи за себе си и семејството. Предизвикува аплаузи и некоја пара од случајните минувачи.

Пеачот веќе се опремил со мобилен мал разглас, звучник и микрофон. За да обезбеди струја на опремата, без да бара од околните дуќани и да трга кабли, активирал бензински генератор.

Loading