„СРЕБРЕНИ“ ВО ПРИШТИНА

Борење

borenje

Продолжува серијата одлични настапи на борачите од БК 7 Мај Леов. За нив како да не е финиш на сезоната. Имаат  уште сили за успех. На традиционалниот меѓународен турнир во Приштина, како дел од репрезентацијата на Македонија, освоија второ место. Теодор Темелковски во категоријата до 57 килограми стигна до завршницата и се бореше за “злато” со Бугарин. Според информациите, по киксот на стартот и минусот од 0-4 имал шанса за подвиг, но пресвртот не се случил, а конечниот исход е пораз од 6-7. Во потешките категории, до 65 кг. Христијан Пенков и до 74 кг. Борче Богатиноски, освоија трети места. Вреди да се истакне срдечниот прием на домаќините.

Добиена е покана за учество на два сениорски турнири во јуни, во Сува Река и во Призрен.

Loading