РК ТУТУНСКИ ВО ПОЛСКА

Историја

Летото 1979 година машката ракометна екипа на Тутунски комбинат, член на Втората југословенска лига, десетина дена престојуваше во Полска, како гостин на прволигашот Шомбиерки од градот Битом. Притоа учествуваше на турнирот со кој се одбележаа 50 години од основањето на клубот. Ривали, покрај домаќинот, беа второлигашите Полонија и Стровија. Првиот меч Тутунски претрпи пораз од Шомбиерки, а потоа ги совлада Полонија со 17-13 и Стровија со 23-14 за освојување на второто место.

Награда за голгетер на турнирот доби Влатко Коруноски – Ларата, кој постигна 23 гола.

Loading