Кик – бокс

В недела во Виена ќе се одржи Интернационален куп во кик – бокс под наслов „Австрија опен“, каде свое деби ќе имаат натпреварувачи од КБК Шампион. Тренерот Дарко Чатлески, претставник и на нашата федерација, одреди четворица млади борци кои долго време ги подготвуваше. Во лајт – контакт на рингот ќе излезат Трајче Илиоски до 51 кг., Бојан Станојоски до 59 кг. и Енвер Османоски до 63 кг. Единствен сениор во дисциплината К – 1 до 63 кг. е Серхан Џафероски
– Момчињата се кондициски, тактички и технички подготвени. Верувам дека ќе освоиме медали, вклучувајќи го златниот. Целта е претставување на Македонија – изјави Чатлески.
Најавена е поддршка во салата од наши сонародници во Виена.
![]()

