НАСКОРО КЛУЧЕВИ ЗА 76 СОЦИЈАЛНИ СТАНА

Socijalcite gi izdava trpenieto

Не дадоа ефект неколкуте протести на десетици станари од 76 социјални станови во Точила за конечно да им бидат врачени клучевите. Празни зјаат становите, а граѓаните од ранливите категории без покрив над главата живеат во субстандардни услови или плаќаат високи кирии за живеалиштата. Револтот расте. Дури дел од идните станари се закануваат со насилно влегување, бидејќи никој од надлежните не им ги објаснил причините зошто неколку месеци по изборот не можат да ги добијат клучевите и да се вселат.

Со смената на техничкиот министер за труд и социјална политика се очекува деновиве станарите да ги земат клучевите и да влезат во топлите нови станови од четириесетина квадрати за симболична кирија од десетина евра месечно.

Проблемот настана откако, веќе поранешниот технички министер за труд и социјала, Фросина Ременски, одби да ги потпише решенијата за доделување на становите, бидејќи, според неа, изборот наводно бил неправилен од Министерството за транспорт и врски.

Од таму пак објаснуваат дека Ременски држела во заложништво 76 семејства со добиени социјални станови неколку месеци, уценувајќи ја Комисијата стан да добие лице од Прилеп кое е во роднински односи со висок функционер на СДСМ. Министерството за транспорт и врски нема да дозволи становите да се делат по партиска линија. Становите се изградени за згрижување на најранливите категории на граѓани и само тие што ги исполнуваат условите согласно критериумите што се пропишани во Правилникот, ќе можат да се вселат во нив.

Loading