МЕДАЛИТЕ СЕ МНОЖАТ

Во Гимназијата „Мирче Ацев“   

Ескалација на успеси во Гимназијата „Мирче Ацев“. Овојпат на мета беа природните науки. Со колку ученици и да отидат да бијат мегдан, со уште толку награди се враќаат. Одлични беа и во  спортските натпревари на Гимназијадата. Медалите само се множат. 

1. Tretacinata so mentorot TrajkoskaПЕТМИНА СТРЕЛЦИ ПО БИОЛОГИЈА

На државниот натпревар по биологија, дури пет гимназијалци постигнааа одлични резултати. Сите први три места отидоа за учениците од трета година под менторство на Милка Трајкоска. На првата позиција се искачи Јована Костоска, втор беше Никола Желчески, а зад него беше Александар Ристески. Учениците од прва година, Галена Аризанкоска и Викторија Здравеска, “грабнаа” бронза со менторката Софија Крстеска. Со пофалници за успешното учество се закитија Марија Андоноска, Милена Тасевска и Виктор Николоски.

2. Prvacinja so mentorot KrsteskaАПСОЛУТНА ПОБЕДА ПО ГЕОГРАФИЈА

Меѓу 73 натпреварувачи на државниот натпревар по географија, гимназијалците се на трите највисоки позиции. Под менторство на Виолета Проскоска Велкоска челните позиции ги зазедоа Христијан Стомнароски, до него се нареди Ана Димоска и трета беше Исидора Стеваноска. Со тоа го повторија успехот од регионалниот натпревар. 

3. Geografskite pobednici4. So treto mesto do Olimpijada po fizika - RzanikoskiБРОНЗАТА Е БИЛЕТ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ПО ФИЗИКА

На државниот натпревар по физика, Христијан Р’жаникоски, од втора година, под менторство на м-р. Марина Попоска го освои третото место. Покрај диплома, дома донесе книги. На натпреварот никој не бил прв, а Христијан обезбеди “билет” за Олимпијадата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОДВИГ ЗА ПОФАЛБА НА ГИМНАЗИСКИТЕ СПОРТИСТИ

6.Srebreni sportistiГимназиските спортисти со голем подвиг ја завршија десеттата Гимназијада во Куманово. Машката екипа “покоси” сé пред себе во ракомет, женските во футсал, а Леонид Вандевски во атлетика. Покажаа дека среброто може да биде повредно и од златото кога во прашање е конкуренција од сите средни училишта од земјава.

Srebroto vredno za rakometarite

Atleticarot Vandeski vtor do celtaВандевски дојде до втората позиција, истрчувајќи 1000 метри. Тежок пат до финалето имаа ракометарите со менторот Даниел Василески. Херои беа Јане Јанески, Давор Илиоски, Јане Нешкоски, Антониј Мисаилески, Христијан Милошески, Горан Кочоски, Дино Стојаноски, Филип Ристески, Бојан Стојаноски, Стефан Ангелевски, Евгениј Темелкоски, Стефан Тошески, Александар Рикалоски и Ѓорги Боцески. Дел од екипата беа и Давор Шокоски, Методи Илиески и Алек Чупетрески со чие засилување на следната гимназијада ќе атакуваат за злато. 

Vtoro mesto za zenskata futsal ekipa

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

И женската футсал екипа во состав Јована Ѓорѓиоска, Христина Митаноска, Марија Белистојаноска, Димитринка Иваноска, Даниела Велеска, Сара Богеска, Светле Аџиоска, Ангела Трајкоска, Јулијана Тренеска и Елеонора Даскалоска Елеонора под водство на Бранко Дисоски, успешно го заврши својот настап на Гимназијадата освојувајќи го второто место.

5. Mentorot Efremoska so prilepskiot SekspirДИМОВСКИ ЈА „ПОБИ“ ХАМЛЕТОВАТА ВЕЧНА ДИЛЕМА

Хамлетовата вечна дилема “Да се биде или не” во нескромно фасцинантна изведба, на Филип Димовски, ученик во трета година, со менторот по англиски јазик Кети Ефремоска, му го донесе врвното место во конкуренција од 114 средношколци од земјава. Не само што жирито го остави без зборови, предизвика и бурни аплаузи од присутните на петтиот државен натпревар во читање и говорење на текстови од светски познати писатели. Во знакот на големиот јубилеј, 400 години од смртта на Вилијам Шекспир, на натпреварот насловен “Шекспир живее – 2016” блесна пред деканот на Факултетот за странски јазици, д-р. Марјана Ванева, професорот – шекспиролог д-р. Иван Додовски, предавачите-англисти м-р. Дејвид Ламберт, м-р. Јованка Јованчевска Миленкоска и м-р. Бетина Џоунс од УАКС и познатиот македонски актер Ѓорѓи Јолевски, кој ја играл улогата на Хамлет. Пофалени за учеството беа и пет ученици под менторство на професорките Стевка Самарџиска и Кети Ефремоска.

5. Celata ekipa na natprevarot Sekspir zivee

Loading