КЕШ ЗА 15 МИНУТИ

ФД ЦЕМАК – КРЕДИТИ – прва финансиска институција со седиште во Прилеп

Bogata ponuda na kreditiПокрај менувачкото работење и брзиот трансфер на пари, брендот Цемак, преку новото и прво финансиско друштво Цемак – Кредити ја збогати понудата и ја прошири дејноста со кредитирање. Прилепчани и граѓаните од југозападниот регион имаат на раполагање кредити со легална процедура согласно законот за финансиски друштва. За разлика од банките и штедилниците, друштвото не прибира влогови на граѓаните и претпријатијата ниту издава картички, туку самостојно кредитира фирми и граѓани со сопствени средства во помал обем. Брзината и флексибилноста се нивна предност. Исто така, веќе се нудат на заинтересираните гаранции и факторинг.

Според првиот човек, Гоце Мојаноски, ориентација е кредитирање на пократки рокови, па сé до долгорочни кредити со залог од накит, злато, благородни камења, жиранти, механизација, возила и хипотека на недвижен имот.

– Пофлексибилни сме во споредба со некои други финансиски институции, и прифаќаме луѓе со не толку поволна  кредитна историја – објаснува Мојаноски.Излегуваме во пресрет за рефинансирање на постоечки кредити во банките, како за фирмите, така и за граѓаните.

CemakИскуствата од кусото тромесечно етаблирање на пазарот се оптимистички и охрабрувачки.

– Веќе сме дале повеке кредити на правни и физички лица, главно помали износи и покус период. Засега ги избегнуваме долгите рокови. Најголем дел од другите финансиски институции не прифаќаат  благородни метали за залог. Пласираме кредити, обезбедени со накит, со соодветна проценка на стручно лице, реверс и сета друга потребна документација според законските прописи. Не прифаќаме за залог уметнички слики и антиквитети, оти не се најдува стручна проценка, нема место за чување поради габаритот и не се познава пазарот на тоа поле. Додека со накитот постапката е експресна. Одобрувањето и исплата траат најмногу 15 минути, и сé е легално. Во одредени случаи прифаќаме за обезбедување имот на село, ниви, земјоделска механизација… – кажува Мојаноски.

Друштвото прави анализа кај сите кредити, освен обезбедените со злато и благородни метали.

– Ако сметаме дека потенцијалниот кредитобарател нема можност да го враќа кредитот, не одобруваме кредит. Нужно е да постојат приходи доволни да се плаќаат навреме ануитетите – вели  Мојаноски.

Друштвото пласира и рамковни кредити со хипотека за бизниси, земјоделци и граѓани.

Na tacna ekspresni kreditiФакторинг и гаранции

Факторинг е функција на друштвото на откуп на побарување на некоја фирма, која не може да ја чека валутата за наплата од 120, 150 или 180 дена. Друштвото ги презема побарувањата, а на побарувачот му ги исплаќа парите порано со одреден надомест за услугата. Издаваат и гаранции на правни и физички лица, на пример за тендер на државен орган или земјиште, и тоа конфирмирани и неконфирмирани.  

Кредити и за пензионери и земјоделци

Се нудат кредити за пензионери без ограничувања на возраста. Привлечни се можностите за земјоделците за набавка на опрема и репроматеријали со флексибилен план на отплата. 

Loading