КРУЖЕН ТЕК НА МЕСТОТО ОД МОСТОТ ЌЕМЕРЛИЈА

Nekogasniot Kemerlija most kaj VejkrpovciЌемерлија мостот поврзувал две страни на еден дел од градот во близина на местото на кружниот тек кај бензинската пумпа кај Здравствениот дом. Се помни дека бил урнат пред повеќе од шест децении.

Мостот бил со калдрма и преку него минувале многу граѓани. Граден е од камен, со “тунел”, висок четири метри. Под него можело да се провне арабаџиска кола со сено. Имало и две “тунелчиња”, за итање на Дабничката река. Постари се сеќаваат дека била “времено” течение. Водата била бистра и минувала низ чисто корито.

Граѓаните од блиските куќи ги пуштале пајките и гуските да пливаат. Во близина била куќата на Вејкрповци. Имало и постар дуќан за грнчарија, бардиња, на мајсторот Гиче. Се памети дека во близина живеел духовитиот Турчин Ибуш, кој ги смеел луѓето со мајтапи.

Loading