ВАНДАЛИ ПУСТАТ, КОМУНАЛЕЦ СОЗДАВА

Уништено игралиштето во Точила 1

Destrukcija na urbanata opremaПокрај заложбите на ЈП Комуналец да создава нови парковски површини со придружна урбана опрема и да ги одржува, надополнува и облагородува, понекогаш тоа не успева и предизвикува разочарување, заради одредени несовесни граѓани. Полни со сопствен револт и бес, гневот го истураат врз материјалните добра од јавен интерес. Подолго време објектите, парковите и комуналната инфраструктура се мета на вандалско однесување. Последен објект кој настрада на дивеењето на дел од граѓаните е фудбалското игралиште во Точила 1 и инфраструктурата во околината. Комлетно е уништена опремата, искорнати се штиците од оградите и игралиште повеќе личи на руинина. Од рацете на несовесните не куртули ниту оградната жица. Сметната е речиси до земјата. Уништени се и таблите за кошарка, откорнати се обрачите и исчезнаа и мрежите од фудбалското и кошаркарското игралиште. Се уништува и подот, небаре како да се сече со остри предмети.

Објектот е демолиран и од него се останати само нефункционални елементи.

Ukradeni i fudbalskite mreziЈП Комуналец информира дека иако комплексот е граден од 2013 година и е користен само три години, неколкупати е интервенирано со промена на таблите и обрачите на кошевите. Редовно се затегнува оградната жица. Комуналците најавуваат дека за две недели комплетно ќе се санираат последиците на вандалите со нова опрема, продолжувајќи го уредувањето во Точила 2, каде се уредуваат зелените површини со детски игралишта. До 2017 година, комплексот Точила ќе добие урбан лик со физиономија на населбите од западните престолнини. Комуналец апелира на воздржаност и негување на материјалните јавни добра, зашто парите, наместо за уредување на нови зелени површини, се насочуваат на поправки.

Нови 3.000 канти за селекција на отпад            

Eko korpi za  selekcija na gubreЈП Комуналец распределува нов контингент од 3.000 корпи за селекција на отпадот. Овојпат зелени и жолти канти добија домаќинствата во Тризла. Зелените се за селекција на органскиот отпад, а во жолтите се фрлаат пластиката и хартијата.

Последниве две години ЈП подели над 15 илјади вакви корпи, во кои вложи 15,6 милиони денари.

Околу 60 отсто од семејствата веќе го селектираат ѓубрето.

– До крајот на годинава ќе поделиме уште 3.000 канти. Вложуваме околу 300 илјади евра – вели Златко Ристески, директорот на Комуналец.      

Едновремено, во тек е инвестицијата на фабриката за секундарна селекција на отпадот во близина на депонијата кај село Алинци.

– Линијата е веќе набавена. Ќе се ангажираат од 50 до 100 луѓе. Во 2017 планираме кај депонијата да изградиме и компостара за селекција на органскиот отпад и производство на природно ѓубриво – рече Ристески.

Преку ЈП, Прилеп целосно ќе го селектира отпадот со што ќе ја штити животната средина, а Комуналец ќе прави бизнис од селектираното ѓубре.

Loading