ПРИЛЕПСКОТО ЗАЈДИСОНЦЕ Е НАЈУБАВО НА СВЕТОТ

“Кој рече дека убо било зајдисонцето во Калифорнија? Прилепското е!”

Pticja perspektiva na prilepskoto zajdisonceОваа “изјава” на мајсторот на занаетот, фотографот Христијан Конески, е една од скромните описи на градот под Марковите Кули, кој постојано го лови. Фотографијата фатена во објективот на Конески ги израдува срцата не само на илјадници прилепчани, туку и на милиони други луѓе. Оставени без зборови од убавината на родниот град само продолжија “немо” да ја шират веста преку социјалните мрежи. Душата особено трепереше кај оние што се далеку од Прилеп, далеку од зајдисонцето кое ја грее душата на оние што останаа да живеат тука. Предизвика полно спомени, но и носталгија по градот каде ги направиле првите чекори.

Loading