ВАЛЕВСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ – ДОМАЌИНИ НА ПРИЛЕПСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ

Sorabotka od obostran interes Prilepcani vo ValevoПовеќечлена прилепска бизнис делегација од Прилеп предводена од потпретседателот на Регионалната комора Сашко Самарџиоски и градоначалникот Марјан Ристески имаа работна посета во збратимениот град Валево, Србија. Бизнисмените од компаниите Марфил, Витаминка, Стопанска Банка – Скопје, Ники Комерц, Кривогаштанипромет и Водостопанство Прилеп заедно со колегите од регионалната стопанска комора од Валево изразија задоволство од досегашната деловна соработка, акцентирајќи дека постојат можности за продлабочување на бизнис односите.

При дводневниот престој гостите се запознаа со стопанската структура на колубарскиот регион Валево, Шабац, Лозница, Љиг. Мионица, Лајковац, Осечина, Уб, Крупањ, Љубовија, Коцељево, Богатиќ и Владимирци. заенички констатираа дека постојат шанси за проширување на соработката меѓу Прилеп и валевскиот регион. Бизнис делегацијата ја прими и градоначалникот на Валево, Славко Терзиќ, при што се изрази задоволство за обостраната размена на информации, за економската и културната соработка со заедничка интенција за продлабочување.

Прилепчани ја посетија валевската пивара во државна сопственост, при што се разменија информации со Прилепската пиварница. Градоначалникот Марјан Ристески упати покана за учество на Пивофестот годинава. Гостите беа добредојдени и во фабриката за вода Вујиќ вода и научно-истражувачкиот центар Петница, кој остави силен впечаток, бидеќи има европска репутација со учество на предавачи и учесници од Европа меѓу кои дел од Македонија. Центарот располага со врвни лаборатории од повеќе научни дисциплини како што се физиката, хемијата, биологијата, астрономијата и др. и библиотека со богат фонд на книги, учебници и разни публикации од светски автори од областа на науката.  

Остварена е и средба со раководството на Регионалната комора од Бања Лука, која изрази желба прилепските бизнисмени да им бидат гости со кои се подготвени да потпишат меморандум за заедничка соработка.

Престојот во Валево се искористи и за посета на саемпт СПРЕГ 2016, на кој излагаа повеќе од 200 компании од Србија, Б и Х и Република Српска, главно од прехранбената, преработувачката, електро индустријата и информатичката технологија. 

Loading