НОВ ХРАМ ПО ПРАВОСЛАВЕН РЕД

Во Беровци

Vtora crkva vo BerovciВо Беровци, иако има црковен храм, осветен пред повеќе од 10 години и е посветен на Светото Христово Воскресение, наскоро ќе никне уште една црква посветена на Св. Николај Арехеписки Мирликиски Чудотворец. Всушност тоа е храм во обнова кој ќе се гради со донации од верниците на место каде постоел одамна.

– По вторпат поставуваме камен темелник на втората црква која веќе постоела пред години и никој од нашиве жители не памети кога е срушена. Сакаме дасе возобнови постоечкиот храм кој постоел од дамнешни години. Пред неколку години беше запуштено место, непристапно, постоеа само некои руинирани делови од самиот објект. Целта беше заедничка од сите, од целото село, за да дојдеме до реализација на оваа градба – вели Зоран Јанкулоски, жител на Беровци.

Локалната самоуправа секогаш помага во изградба на храмови и дава максимална поддршка на оние кои имаат иницијатива.

– Желбата на населението од Беровци конечно започнува да се реализира со возобнување на стар православен храм кој постоел овде, чие име било св. Никола. Посакувам што побрзо да се изгради и да присуствуваме на големото осветување и да ги штити Св. Никола кој е патрон заштитник на целата општина – рече градоначалникот Марјан Ристески.

Се освети камен темелникот со кој чин раководеше Митрополитот Преспанско – Пелагониски г. Петар.

– Градењето на црквите е посебна особина на македонскиот православен народ. Посакувам поскоро да го изгради и овој храм за во него да се слави името на троичниот бог, отецот, синот и светиот дух, и да се принесуваат приноси и жртви бескрвни и да се крштеваат и венчаваат сите што ќе посакаат. Нека е честито и од Бога благословено полагањето и осветување на камен темелник на овој храм во изградба или обнова и полагањето на светите мошти во него – истакна г. Петар.

Со изградбата на цркви се зачувува правславната вера и се мотивираат младите да се вратат на дедовите огништа.

Loading