МИГОВИ ЗА ЧИТАЊЕ, ТРЧАЊЕ…

На што го трошат, или би сакале да го потрошат слободното време прилепчани?         

Времето е драгоцено и треба да се искористи на соодветен начин. За некои времето е пари, но нужно е да се најде доволно за одмор по динамичниот, современиот стил на живот и за создавање на нова енергија. Сé повеќе недостасува слободно време да се посвети на сопственото хоби, на семејството, на забава…

Слободното време е периодот од денот или седмицата што останува после училиштето, работата во викенди кога сме ослободени од сите обврски и семејни задолженија. Се обликува и користи според сопствените потреби и желби, без некакви клишеа. Најважно тогаш е чувството на слобода, доброволност и незадолжителност. Некој црта, игра, гледа ТВ или не прави буквално ништо! Тоа е време кога сме  посветени исклучиво на себе си и миговите ги поминуваме за да ги задоволиме исклучиво личните задоволства и потреби.

Прашањето е, на што го користиме, а на што би требало, или на што би сакале најмногу да го трошиме слободното време? На многумина им се случува во еден момент да разберат дека веќе е време за спиење, а уште не почнале со обврските. Кога ли летна денот? Кога ќе помислиме на што сé го арчиме времето, меѓу одговорите отскокнуваат работа, учење, “спиење на телефон, дремење на фејсбук”, игри на компјутер, сурфање, гледање ТВ, кафе средби со пријателите… Од неделата која има седум денови, а денот 24 часа, како врви времето, како се користи тоа богатство. Што е преокупација, за што се најдува време, што е она што сакаат да го прават, а немаат време. Можеби ќе се изненадиме од математичките пресметки колку време минуваме на помалку или на повеќе битни ситници. Еве што се наоѓа на дневниот ред на сограѓаните.

1.Daniela NikolovaДаниела Николова, Филип Пауновски и неколку други велат дека ако сакаат, најдуваат време да се посветат на себе си и на своите интереси. 

– Не ми е проблем брзиот и динамичен начин на живот. Посетувам странски јазик, подучувам модерен танц, музика нешто. Преферирам и да спортувам. Учењето на нешто ново, или “занимавањето со себе си” ме поттикнува да бидам што покреативна – кажува Николова.

 

 

 

 

 

 

2.Filip Paunovski– Музичар сум и подучувам деца. Гледам да си одделам посебно време за себе, така што одам на фитнес. Обично најдувам, ако сакам – вели Пауновски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3. Jasmina PanoskaСлободното време го минува со читање Јасмина Паноска.

– Нема ништо попродуктивно и што носи поголемо чувство на задоволство и исполнетост како читањето книги. Тоа помага да научиме многу за себе, но и за другите и за светот што нé опкружува. Книгата ми е лек за душата и одмор на мозокот. Тогаш може да се наслушне и тишината, звукот што значи дека времето поминува – додава Паноска.

 

 

 

 

 

 

Преокупирани со работата, копнеат за повеќе дружба со пријателите Влатко Наумоски, Маријан Богоески и Диме Ристески.

4. Vlatko Naumoski– Во текот на неделата сум преокупиран со работа, но не негирам дека и со дружење. Би сакал слободно време за дружење, оти непрекинатиот контакт со луѓето е клуч за среќа и задоволство. Кога си зафатен со обврски на работа, не стигнува време да посветиме за оние за кои ни е грижа. Се трудам секој слободен момент да го минам со најблиските пријатели – додава Наумоски.

 

 

 

 

 

 

5. Marijan Bogoeski– Времето се троши на пријатели, на работа… Дружењето секогаш е со ќеф, а сé друго е обврска што мора да се направи. Нема зијан од повеќе време за шетање – кажува Богоески.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

6. Dime Risteski– Другарување и работа е содржината на мојата недела. Малку недостига во животот да биде поисполнет. Но, сé не се открива. Имам сé што ми треба, фала му на Господ – вели Диме Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Средношколецот Бобан Богданоски е “оптоварен” со училишните обврски. Едвај чека викенд да тркне по женски, или да се навежба.

7. Boban Bogdanoski– Од понеделник до петок учам, а сабота излегувам, додека во недела уживам со кафенце. Во меѓувреме, тренирам бокс. “Преокупиран” сум со училиштето и прошетки. Добро би било да имам повеќе слободно време за женски. И за вежбање – вели Богданоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Полнење на батериите со физичка активност и прошетки е рутината на Емил Мисев и Владимир Наумоски.

8.Emil Misev– Поголемиот дел од денот го минувам во работа, а слободното време, за жал, го имам сé помалку. Најмногу го користам на дружење со пријатели, прошетки со кучето, а за викендите пешачам во природа, кон манастирот Трескавец. Гледам да одделам време да ги наполнам батериите, да се занимавам со некаква физичка активност, особено после работа или за викенд. Ми помага да бидам подобар во работата и полесно да се опуштам и да го правам она што сакам. Оти едното секогаш влијае на другото – кажува Мисев.

– Нема ништо подобро од спортувањето. Времето максимално го ползувам за играње фудбал. И секогаш ќе ми недостасува, пак за фудбал –  вели Наумоски.

 

 

10. Gordana Kostoska– Преку недела се здодевам дома, оти нема што да се прави. Нема куглана, кино, интелекутално место за дружење со млади. Само има кафулиња и вклучување на ФБ. Недостасуваат спортски манфестации, на пример пинг понг. Сакам да гледам повеќе претстави и проекции на театар и на кино – вели Гордана Костоска.

 

 

 

 

 

 

 

 

За Емилија Дојчиноска одмор од студирањето í е кафе муабет.

11 i 9. Emilija Dojcinoska i Vladimir Naumoski– Времето лета со факултетот. Не само посетување на наставата, туку и со учењето. Посакувам повеќе време за кафе – вели Дојчиноска.

 

 

 

 

 

Даниел Јанкоски и Маријан Велјаноски сонуваат за шетање.

12. i 13. Daniel Jankoski i Marijan Veljanoski– Сакам повеќе да шетам, но се нема доволно време. Би патувал, макар и надвор од градов. Би уживал и во друга држава. Сакам да откривам различни места и култури – кажува Јанкоски.

– За вежбање, за излегување. Сакам да прошетам надвор од земјава, но се нема пари и време – додава Велјаноски.

 

 

Часовите, деновите, неделите, месеците, Пеце Илиески ги исполнува со обврските кон внучињата.

14. Pece Ilieski– Семејството ми е на прво место. За него правам многу работи. Се случува да ги позаборавиме најблиските, оние кои се смислата на нашето постоење. Малкуто слободно време гледам максимално да го искористам со внучињата. Кога ќе начекам најмалку можност, ги носам на шетање в чаршија. Животот ми го продолжуваат кога трчкаат околу мене. Не ми е тешко да им бидам негувателка, оти ми го полнат срцето. Сакам да бидам со нив повеќе денови. Ако слободното време го посветуваме на семејството, ќе научиме да ги почитуваме ситниците кои го сочинуваат животот – додава Илиески.

 

 

 

 

Елизабета Стојаноска се подготвува за свадба, но ужива што викендите í се слободни за шетање.

15. Elizabeta Stojanoska– Деновите ми минуваат со планирање на свадбата. Посетувам академија и учам, но имам многу време и за шетање. Сабота и недела ми се слободни, а порано работев за викенд и беше многу напорно – кажува Стојаноска.

 

 

 

 

 

 

 

 

За некои активности се арчи премногу време. Трикот е во тоа добро да се распредели расположливото количество и да се димензионира и хармонизира со обврските, семејството, пријателите и за “излежувањето”. Секогаш нема да има доволно време за да се прави она во што се ужива. Затоа не треба да се “пусти” само во спиење. Или како што рекол Браун: “Никогаш не велете дека немате време. Дневно имате на располагање онолку часови колку Никола Тесла, Хелена Рубинштајн, Пастер, Микеланџело, мајка Тереза, Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн или Нелсон Рокфелер.”

Loading