ЈУГОСЛОВЕНСКИ МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ

Историја

На 7 мај 1989 година во Требиње, Б и Х, се одржа Државното првенство на Југославија во џудо, каде учесниците од ЏК Пролетер имаа вонредни резултати. Најмногу се истакна Диме Џагадуроски, кој во категоријата за кадети до 49 килограми го освои второто место, сребрениот медал и стана југословенски вицешампион. Вториот кадет, Томе Јосифоски, беше третопласиран до 55 килограми и се врати со бронзен медал. Тренерот Славе Димитријоски доби комплименти за квалитетите на учениците, бидејќи уште двајца беа високопласирани. Петти беше Благојче Гешоски, а седми Владимир Трпаноски.

Настапија 600 џудисти од цела Југославија.

Loading