ПРВО МЕСТО ЗА ПРВА ЛИГА

Победа

PobedaЗалетаниот тим на Победа нема кој да го сопре. Во три кола, од седмото, се искачи на првото место од второлигашката табела. Во Велес настрада Еуромилк со 1-2 со головите на Гешоски и Дунимаглоски. Резултатите на конкурентите се во прилог, затоа што Тетекс загуби од Пелистер (2-3), а Скопје одигра 0-0 со Љубанци. На ред е уште едно гостување, на Пелистер. Битолчаните куртулија двапати и дојде време и тие да го почувствуваат поразот. Во претходно коло со 1-2 го изненадија Тетекс. Пелагониското дерби би требало да се одигра во Новаци, каде беше мечот пред две недели кога гостуваше Македонија ЃП. Покрај на теренот, ќе има навивачки дуел и на трибината, меѓу “чкембарите” и “мајмуните”. Во составот на Победа се очекува враќање на капитенот Мегленски, а во домашниот тим поради повреда не настапува Ацески.

Табела: Победа, Велазерими и Македонија ЃП по 32, Скопје 31, Тетекс 30, Пелистер и Љубанци по 29.

PobedsaНавивачки карван кон Новаци

Покрај одредбата да не се патува со автобуси, прилепските навивачи ништо не може да ги спречи в сабота масовно да се преселат кон Новаци, да ја поддржат Победа против Пелистер. Планот е  патување со сопствени автомобили, а за останатите обезбеден е такси – превоз. Собирот е во 13, 30 ч. пред Реклами.

Loading