ЧЕТВРТА ПОБЕДА

Бесплатна објава

Жени

cetvra pobeda na rakometarkiteРакометарките на Прилеп постигнаа тешка, но значајна победа, четврта во овогодишното првенство. На гости во Свети Николе славеа над домашното Овче Поле со 19-23. Од мечот интересен е пресвртот од негатива на полувреме 11-10 до позитивата од пет гола.

– Одигравме одлично, цврсто во одбраната. Судиите премногу исклучуваа, но и тоа го надминавме. Задоволен сум – рече Рубин Богојески, тренерот.

Не завршува првенството. Продолжува со плеј-офот и плеј-аутот. Во првата група се Вардар, Вардар јуниор, Металург и Куманово, а во втората Пелистер, Прилеп, Ѓорче и Овче Поле. Остануваат уште шест кола.

Loading