ПРОТИВ ТИМОТ НА ДУПЈАЧАНЕЦ И ЧЕРВАР

Ракомет мажи

Prilepskata publika go saka - Lino CervarДолгоочекуваниот плеј-оф од машката Супер лига стартува в сабота (19 ч.) кога во салата на “Ричко” се игра мечот Прилеп – Металург. Трибината сигурно ќе биде преполна како лани кога гостуваше екипата на Даниел Дупјачанец и Лино Червар. Едноставно двајцата се мега-ѕвезди и публиката сака да ги види. Од друга страна, прилепските ракометари најавуваат дека ќе дадат сé од себе за достоен отпор. Само така се оправдува вториот влез во друштвото на најдобрите.

Според натамошниот распоред, Прилеп в среда е гостин на Зомимак во Струмица, потоа е групната фаза од купот во Охрид, па дома со Работнички и Охрид, гостување на Вардар. После е вториот круг по обратен редослед, а шампионот Вардар треба да гостува на 4 јуни во Прилеп.

Loading