ПРОСЛАВА НА ПЛЕЈ-ОФОТ

Ракомет мажи

Rakomet maziСиноќа, два дена порано од предвиденото, се одигра мечот од последното 18 коло во основниот дел на Супер лигата помеѓу Прилеп и Радовиш, со резултат (34-34). Домашните имаа на ум дека треба да дојдат до првиот пролетен триумф. Вратите во салата беа отворени за бесплатен влез на публиката, а повод беше прославата на пласманот во плеј-офот. Ова е повторување на минатогодишниот успех. Четвртото место значи друштво со најдобрите. Натаму следуваат само дерби – дуели со Работнички, Охрид, Металург и учесиците во Сеха лигата, Струмица и Вардар. Претходно на гости кај Металург беше поднослив пораз од 28-22. Најефикасен е пивотот Секулиќ со четири гола, а меѓу стрелците беа младите, Петрески со три и Тодороски со еден.

Табела: Металург 54, Охрид и Работнички по 39, Прилеп 31.

Loading