ОТПОРНИ 30 МИНУТИ

Ракомет жени

Rakomet zeniПелистер го доби пелагониското дерби со Прилеп, со 22-17, во меч кој беше доста израмнет, особено во првото полувреме. Прво битолчанките водеа, потоа гостинките ја презедоа играта. Во 30 минута беше нерешено 10-10. Дури по одморот, домашните се оддалечија со четири гола и да ја најават победата. Од Прилеп, само четири ракометарки ја тресеа домашната мрежа. Најмногу, деветпати крилото Ѓорѓиоска. Претстојниот викенд е без натпревар, а во следното, последно коло од основниот дел, на гости е кај последниот Овче Поле.

Табела: Вардар ј. 30, Металург 27, Куманово 18, Пелистер и Ѓорче по 10, Прилеп 9, О. Поле 2.

Loading