ЧУДЕСНА ЕНЕРГИЈА НА МУЗИКАТА

1На најмасовниот досега интернационален танцов фестивал “Macedonia open 2016” во Скопје, гимназијалката Елеонора Михаиловска го освои второто место и сребрен медал во категоријата latino show solo – adult. Се натпреваруваа над 2.500 танчери во повеќе категории од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Грција и други земји од регионот.

Елеонора го воодушеви интернационалното жири од седум судии од повеќе земји. Таа плени со синхронизираните движења, комбинирано со брзите потези и вртења, изразувајќи ја чудесната енергија на музиката. Настапот го наградија со трофеј и признание во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје.

Организатор беше танцовиот клуб Прима Данца од Скопје, а Елеонора танцува повеќе од 11 години и досега освоила 12 медали на државни и интернационални натпревари.

Lavri za tanc - Eleonora  Mihailovska

Loading