КУЧЕ ГО ПРЕЛЕТА АТЛАНТИКОТ

За изложба во Прилеп

Masovna izlozba na mileniciСо дефиле на околу 250 Германски овчари, Добермани, Шарпланинци, Бернардинци, Ротвајлери, Ретривери, Доги, Хаски, Пекинезери, Сетери и други раси на меѓународната изложба на расни кучиња ЦАЦИБ, сопствениците ја покажаа грижата и љубовта на своите миленици.  Дури куче од Канада со сопственикот го прелетаа Атлантикот да се претстави во Прилеп меѓу домашните одгледувачи и стотината гости од Франција, Русија, Грција, Шведска, Германија, Бугарија, Словачка, Србија, Бугарија, Италија и Романија. Специјализирани судии ги наградија со пехари стопаните на расните кучиња со родовник.

Демонстацијата ја потврди тенденцијата на раст на бројот на одгледувачите на кучиња со родовници.

Изложбата имаше и посебна програма за македонската автохтона раса, Шарпланинец.

Loading