МЕДАЛИ И ЗА СКИЈАЊЕ

ПРОДОЛЖУВААТ УСПЕСИТЕ НА ГИМНАЗИЈАТА

Osvojuvacite na medali so profesorot VasileskiУчениците од Гимназијата и годинава победнички се вратија од Државното првенство по скијање. Од 12 натпреварувачи предводени од професорот по спорт Даниел Василески, медалите отидоа во рацете на Теодора и Ане Георгиеска, Александар Спиркоски и Андреј Манчески.

Теодора освои второ, а сестра í Ане трето место, а разликата со првото место била само една стотинка.

– Скијањето се вбројува во најомилените спортови. Интензивно се подготвувавме за првенството, првин со тренинзи во сала, а потоа и на скијачките терени – велат Георгиески.

Од машките, Спиркоски се закити со сребро, а Манчески со бронзен медал.

– Задоволен сум од постигнатиот успех, оти подобар сум од лани, кога бев трет – кажува Спиркоски, кој скија од “мали нозе” со татко си.

{AG}396/skijanje{/AG}

Среќата беше најголема кај Манчески, оти по три години обиди, првпат освојува медал. 

– Љубовта кон овој спорт беше мотив за поголем ангажман годинава и да стигнам до медал – додава Манчески, скијачот од тригодишна возраст. 

На мавровските скијачки терени, вештините ги докажуваа и Бистра, Марија, Ана Рибар, Викторија, Теодор, Иван, Марио, Христијан, од кои дел го освоија одличното четврто место и со малку спортска среќа ќе беа на пиедесталот, докажувајќи дека Гимназијата крие и спортски таленти. 

Loading