ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ – ПАРЛАМЕНТАРЦИ

ПРОДОЛЖУВААТ УСПЕСИТЕ НА ГИМНАЗИЈАТА

Rabotno vo makedonskoto sobranieГимназијалците Надица Бунеска, Ангела Јошеска, Ивона Крстеска, Христина Ангелеска и Сандра Спировска со професорката по социологија Снежана Тодорческа измешани со ученици од неколку гимназии од земјава, учествуваа на еднодневен семинар на тема “Демократијата и собранието” во едукативниот центар на парламентарниот институт во Собранието на Македонија. На интерактивниот семинар, првин слушаа презентации за функционирањето на Собранието, а потоа правеа дебати, ставајќи се во улога на парламентарци. Со доближување на работата на Собранието се развива свест за придобивките од демократијата.

 

 

 

 

Neobicno i edukativno iskustvo od makedonski   parlament– Беше извонредно искуство. Барем за миг бевме парламентарци  со можност да гласаме и да даваме свои мислења за одредени прашања од интерес како што тоа го гледаме по ТВ на седниците од Собранието. На крајот, заеднички одговаравме и на еден вид тест подготвен од презентерите – ги пренесе впечатоците од необичното и едукативно доживување, Надица Бунеска.

Преку организирана обиколка имаа можност и да го разгледаат свечениот дел од Собранието, како и внатрешноста на зградата како значајно обележје на македонската државност. Стапнаа во повеќе сали со различен амбиент, Кристална, Охридска, Струшка сала… И одблиску ја видоа главната сала на парламентот. За учеството на семинарот, раководителот на парламентарниот институт, Златко Атанасов, им додели сертфикати на присутните ученици и наставници. 

{AG}396/parlament{/AG}

Loading